За нас

Партнери

Во Агростарт веруваме дека долгорочната соработка и меѓусебната доверба се клучот за одржлив развој – како во агробизнисот, така и во односите со нашите партнери.

Затоа со години градиме стабилни партнерства со реномирани компании од Македонија, регионот и Европа, кои, исто како и ние, го ставаат квалитетот, иновацијата и земјоделецот во фокусот.

Работиме со производители со кои делиме исти вредностипосветеност, чесност, агрономска стручност и ориентираност кон резултати.
Неохим – Бугарија

Неохим – Бугарија

Агростарт има долга и успешна соработка со бугарската компанија Неохим, која е специјализирана во производство на високо квалитетен амониум нитрат. Нашата соработка започна уште во 1995 година, кога бевме меѓу првите македонски клиенти кои го препознаа квалитетот на нивниот производ. Денес, Агростарт е еден од најдолгогодишните и најсигурни дистрибутери на амониум нитрат на македонскиот пазар, со стабилна и континуирана понуда за земјоделците.

Likra – Линц, Австрија

Likra – Линц, Австрија

Агростарт е генерален застапник на Likra за Македонија уште од 1999 година. Оваа австриска компанија е позната по висококвалитетните премикси, адитиви и специјализирани рецептури за сточна храна. Благодарение на ова партнерство, нашите клиенти добиваат врвни формулации за исхрана на добиток, развиени и тестирани според австриските стандарди, прилагодени на локалните услови.

Institut za ratarstvo i povrtarstvo Novi Sad

Institut za ratarstvo i povrtarstvo Novi Sad

Агростарт е главен застапник и дистрибутер на Институтот за ратарство и повртарство од Нови Сад, еден од најпрестижните земјоделски институти во регионот. Од нивниот асортиман набавуваме сертифициран семенски материјал за умножување, кој овозможува стабилни приноси и високи стандарди на квалитет. Покрај соработката во делот на производи, со институтот имаме развиено блиско партнерство и во областа на размена на знаења и искуства. Нивните стручњаци активно ни помагаат при справување со предизвиците и проблемите во земјоделското производство, избор на сорти и семиња, воведување нови производи и методи, како и оптимизација на сите процеси во производството.

KWS Србија

KWS Србија

Агростарт увезува и дистрибуира висококвалитетни хибриди од реномираниот производител KWS Србија, дел од светски познатата групација KWS – лидер во селекција и генетика на земјоделски култури. Нашата понуда опфаќа хибриди на пченка, сончоглед и сирак, кои се докажано прилагодени на македонските агроеколошки услови и гарантираат стабилен и висок принос. Дополнително, земјоделците кои ги користат производите од KWS преку Агростарт имаат можност своето производство да го продадат директно кај нас или преку нашите партнери.

Triskalia – Франција

Triskalia – Франција

Агростарт соработува со реномираната француска компанија Triskalia, специјализирана за производство на висококвалитетен сертифициран семенски компир. Нивните сорти на компир се одликуваат со одлична адаптација, висок принос, добра отпорност на болести и врвен квалитет на крајниот производ. Ова партнерство овозможува македонските земјоделци да добијат пристап до најдобрите сорти компир, развиени според строгите француски стандарди.

Afrasa

Afrasa

Afrasa е етаблирана компанија со седиште во Шпанија, специјализирана за производство на препарати за заштита на растенија. Агростарт е дистрибутер на нивните производи во Македонија, со посебен фокус на високо ефикасниот хербицид Trailer, кој земјоделците го препознаваат по неговата сигурност и одлични резултати на терен. Соработката со Afrasa ни овозможува да понудиме квалитетни и иновативни решенија за справување со болести, штетници и плевели.

Amazonen Werke – Германија

Amazonen Werke – Германија

Агростарт е дистрибутер на брендот Amazonen Werke, еден од водечките производители на приклучна земјоделска механизација во Европа. Во нашата понуда се вклучени сеалки, прскалки, расфрлувачи на ѓубриво и други специјализирани машини од нивната палета. Машините на Amazone се познати по прецизност, квалитет и иновативни решенија, што ги прави идеален избор за професионални земјоделци. Истите машини активно се користат и во нашето сопствено производство во Клечовце, што дополнително потврдува дека станува збор за техника во која ние самите имаме целосна доверба.

Gregoire Besson

Gregoire Besson

Gregoire Besson е еден од најреномираните производители на приклучна механизација за обработка на почва, со традиција која се темели на прецизност, издржливост и иновација. Агростарт го застапува брендот Gregoire Besson на македонскиот пазар, нудејќи машини како што се плугови и тањирачи, кои се докажани на терен и даваат извонредни резултати дури и во најтешки услови.