За нас

Нашата инфраструктура

Преку долгогодишна работа и посветен труд, имаме изградено сопствена инфраструктура која овозможува целосна контрола врз логистиката, дистрибуцијата и услугата кон земјоделците.

Располагаме со:
• Магацини на 4 локации во Куманово – за оптимално складирање на различни видови производи.
• 7 земјоделски аптеки лоцирани низ регионот – каде клиентите можат директно да се консултираат и да купат сè што им е потребно.
• Сопствен возен парк – што гарантира брза и сигурна достава до нашите клиенти, дури и во време на најголема аграрна активност.
• Мрежа на дистрибутери низ цела Македонија – со што сме присутни и достапни и во другите региони
• Фабрика за сточна храна – современо опремена, со рецептури развиени од наш тим, а поддржани со производи и технолошка стручност од компанијата Likra – Австрија.
• Бетонски силос со капацитет од 20.000 тони – за безбедно складирање на житни култури, со сите потребни услови за квалитетна заштита на производот.