Производи

Вештачки ѓубрива

Вештачки ѓубрива

Категорија

Вештачки ѓубрива

Агростарт има долгогодишно искуство во дистрибуција на вештачки ѓубрива и претставува сигурен извор за набавка на квалитетни, проверени и ефикасни формулации за сите типови земјоделско производство.

Нашата понуда е прилагодена за:
• Житни култури (пченица, јачмен, пченка)
• Индустриски култури (сончоглед, шеќерна репка)
• Овоштарство и лозарство
• Овошки и зеленчук во пластеници и на отворено

Соработуваме со реномирани производители од Европа. Воедно, сме едни од првите дистрибутери на амониум нитрат во Македонија и постојано вложуваме во техничко знаење и агрономска поддршка за нашите клиенти.

Во асортиманот се вклучени:
Комплексни NPK ѓубрива (15:15:15, 20:10:10 итн.)
Азотни ѓубрива: амониум нитрат, уреа, КАН
Фосфорни и калиумови ѓубрива
Водорастворливи формулации за фертиригација и системи капка по капка
Лисни ѓубрива и микроелементи за брзо коригирање на недостатоци

Секој производ е избран според:
Докажан квалитет
Уредна документација и анализа
Погодност за македонските услови

Испорака во различни пакувања: од мали кеси до big bags, според количината и логистиката на секој клиент.

Нашите агрономи се секогаш достапни за советодавна поддршка за формулација, доза, време и начин на примена.