Agrostart hero
Основана 199035+ години довербаМрежа низ Македонија

Традиција во квалитет
иднина со знаење

Од 1990 година во служба на македонското земјоделство. Агростарт е семејна компанија со долгогодишно искуство во трговија и производство во земјоделскиот сектор.

35+години искуство
7земјоделски аптеки
20.000тони капацитет на силос
4локации со магацини

Дознај повеќе за нас

Agrostart agricultural landscape

Основана во 1990 година, Агростарт е семејна компанија со повеќе од 35 години искуство во македонскиот земјоделски сектор.

Се занимаваме со трговија на минерални ѓубрива, семенски материјал, сточна храна, производи за заштита на растенија и земјоделска механизација, како и со производство на сточна храна.

Дополнително, нудиме комплетен асортиман на други земјоделски производи и инпути, прилагодени на потребите на модерното земјоделство.

Дел од нашата група е Клечовце, компанија специјализирана за производство на сертифициран висококвалитетен семенски материјал.

Располагаме со фабрика за сточна храна, бетонски силос од 20.000 тони, магацини на 4 локации, 7 земјоделски аптеки и дистрибутерска мрежа низ цела Македонија.

Нашата инфраструктура

Сопствена логистика, дистрибуција и услуга кон земјоделците низ цела Македонија.

4 магацини

Локации во Куманово за оптимално складирање на различни видови производи.

7 аптеки

Земјоделски аптеки низ регионот за директна консултација и купување.

Сопствен возен парк

Брза и сигурна достава, дури и во време на најголема аграрна активност.

Дистрибутивна мрежа

Присутност и достапност низ цела Македонија преку мрежа на дистрибутери.

Фабрика за сточна храна

Современо опремена, со рецептури развиени во соработка со Likra – Австрија.

Силос 20.000 т

Бетонски силос за безбедно складирање на житни култури.

Зошто Агростарт?

Повеќе од три децении посветеност на македонското земјоделство.

Agrostart grain silo infrastructure

Мисија и визија

Нашата мисија е да ги поддржиме земјоделците со сигурни и проверени производи, стручна поддршка и искрено партнерство. Веќе повеќе од три децении сме тука за да обезбедиме стабилност, квалитет и континуитет во секој чекор од земјоделското производство.

Нашата визија е да бидеме мост помеѓу традицијата и иднината – компанија која ги комбинира семејните вредности со современ пристап, која расте заедно со потребите на земјоделецот и се прилагодува на новите предизвици.

Со знаењето стекнато низ годините и искуството што стои зад нас, чекориме напред – за да обезбедиме поуспешна и постабилна земјоделска иднина.

Повеќе од 35 години искуство и традиција
Семејна сопственост со стабилност и посветеност
Квалитетни производи со проверено потекло
Сопствени опити за тестирање на хибриди
Соработка со етаблирани институции и брендови
Широка мрежа на аптеки и дистрибутери
Навремена испорака со сопствена логистика
Континуирана поддршка и советување
Клечовце

Производство на сертифициран висококвалитетен семенски материјал

Клечовце е земјоделска фирма во наша сопственост, со 1.100 хектари земјоделска површина, современ доработен центар и инфраструктура за опити и тестирање на нови хибриди.

Наши партнери

Соработуваме со реномирани компании од Македонија, регионот и Европа.

Контактирајте нè

Стоиме на располагање за информации, консултации и соработка.

Телефон

+389 31 478 600

Е-маил

info@agrostart.com.mk

Работно време

Понеделник - Сабота: 08:00 - 15:00