За компанијата
ЗЗ Агростарт е компанија основана и успешно работи уште од 1990 г. Од самиот почеток е ориентирана да ги задоволи потребите на потрошувачите во областа на агрокултурата. За таа поставена цел ги развиваме сите сегменти од оваа област: дистрибуција, услуги и трговија. ЗЗ Агростарт работи како увозник, генерален застапник и дистрибутер во Р. Македонија и успешно соработува со повеќе компании од странство за производство на минерални ѓубрива, различни видови на концентрати, семе за земјоделски производи, а од 1999 год. Агростарт е генерален застапник и увозник на премикси за сточна храна Likra од Линц, Австрија.
Продолжуваме со нашето работење во вертикално интегриран агробизнис, подржан од солидна историја на одржливост и раст. ЗЗ Агростарт постојано го зголемува својот асортиман на производи и нејзиниот континуиран раст е наша обврска. Фокусот на компанијата е насочен кон долгорочни цели и стратегии преку воведување на нови производи и услуги, како и проширување на други пазари.
Задоволување на потребите на потрошувачите е наша главна цел. 26 години постоиме за Вас.
Мисија
Нашата мисија е трговија и услуги на мало и големо со земјоделски производи со проверен (врвен) квалитет, едноставни за употреба и безбедни за животната средина, кое ќе доведе до динамичен и одржлив развој преку подобрени услуги, иновации, подобрен квалитет и посветеност во работењето.
Визија
Нашата визија е да бидеме најуспешната компанија во агробизнисот на севкупниот македонски пазар и пошироко, како и да бидеме први во својата класа (бранша) на организација и дистрибуција на земјоделски производи, обезбедувајќи агрономски решенија за клиентите во сите поголеми земјоделски региони.
Вредности
• Посветеност: Задоволување на потребите на потрошувачите
• Став: Да бидеме амбициозни, сигурни и посветени во работењето
• Правичност: Постапување со објективност, емпатија, интегритет и транспарентност
• Фокус: Фокусирање кон потрошувачите и кон економски и рурален развој