Многу важна препорака е спрасните маторици да се хранат со соодветна крмна смеса за исхрана на спрасни маторици за да се добијат посакуваните резултати. Кај нас во голем број случаи несоодветно се хранат мајките со несоодветна храна, па затоа се добиваат неуедначени прасиња и се јавуваат други проблеми.
Од економска гледна точка концентрираната храна се користи од 2,5 кг во спрасност до 5,5 кг кога дои мајката, а при користење на обична храна се користи од 4 до 8 кг и резултатите се многу лоши. Кога ќе се пресметаат цените на чинење ќе се види дека е многу поисплатливо исхраната на мајките да е базирана со концентирана храна за спрасни маторици.
Резултати
- Постигнување индекс на прасење 2.2
- При прасење да се добијат здрави, витални прасиња со жива маса над 1,2 кг
- Да се добијат годишно по мајка повеќе од 25 прасиња
Препорака за примена :
Компонента
|
смеса%
|
смеса%
|
SUPRAMIN Z3/T
|
3
|
3
|
Пченка
|
20
|
30
|
Јачмен
|
40
|
33
|
Соино ќуспе
|
10
|
7
|
Сончогледово ќуспе
|
7
|
7
|
Креда
|
1
|
1
|
Пченица
|
19
|
20
|