dsc08835-min

Тракторијада 2016

На овогодинешната ТРАКТОРИЈАДА во Општина Могила одржана на 16 декември, настапивме со цел да Ви ги претставиме дел од нашите производи и за таа цел сме позитивно изненадени и задоволни од присуството на голем број земјоделци и производители коишто беа заинтересирани за нашите производи

dsc08832-mindsc08835-min  dsc08843-min    dsc08805-min dsc08816-min

Земјоделска задруга АГРОСТАРТ е компанија која што успешно работи веќе 26 години на македонскиот пазар. Од самиот почеток на своето постоење компанијата заедно со својот тим работи напорно за да ги задоволи потребите на своите потрошувачи во областа на земјоделското производство.

Компанијата се занимава со увоз, извоз и дистрибуција на вештачки ѓубрива, премикси и сточна храна, семе за земјоделски производи и различни репроматеријали за земјоделие каде што успешната работа покажува и самата соработка со повеќе странски компании, коишто ни го доделуваат ексклузивитетот на генерално застапништво за добро познатите LIKRA премикси од Линц, Австрија, како и генерално застапништво за Институт за ратарство и повртарство, Нови Сад, Србија, коишто се водечки институт за производство на хибриди и семенски материјал. ЗЗ АГРОСТАРТ веќе 20 години одлично соработува со НЕОХИМ СА, Димитровград, Бугарија каде што го увезува вештачкото ѓубриво Амониум Нитрат подобро познато под името СИНА ВРЕЌА.

Нашиот тим е секогаш тука за Вас и напорно работиме и се трудиме да ги задоволиме сите Ваши потреби, за сите подетални информации Ве замолуваме да не контактирате на нашите контакт телефони.

До следната година и следната Тракторијата.

Со Почит,

ЗЗ АГРОСТАРТ